Електро техничар/монтер

За компанијата: Бис Инженеринг е компанија формирана во 1990 година, компанијата е фокусирана на изнаоѓање решенија во автоматизација на процесите кои им помагаат на клиентите во зголемување на продуктивноста, сигурноста на работењето, намалување на човечкиот фактор, лесна дијагностика и одржување. повеќе за компанијата »

БИС Инженеринг Скопје има потреба од електро техничар.

Опис на работното место:

  • Изведба на нисконапонски електрични инсталации,
  • Положување и инсталација на нисконапонски енергетски и сигнални кабли,
  • Монтажа на кабловски регали,
  • Ожичување на нисконапонски разводни ормари и ормари за автоматско управување,
  • Монтажа на електро опрема,
  • Монтажа на електро ормари, поврзување на кабли, поврзување на сензори и извршни елементи,
  • Испитување на ожичени електро ормари,
  • Водење евиденција за вградени материјали и извршени активности.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование (3 или 4 степен),
  • Желба за работа,
  • Позитивен став,
  • Комуникативност, љубезност и педантност,
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност,
  • Способност за тимска работа,
  • Способност за работа под притисок,
  • Флексибилност и адаптибилност.
  • Возачка дозвола Б катергорија.

Работно време и место каде се извршува работата:

  • Понеделник-Петок 8:00-16:00,
  • Работниот ангажман вклучува работа во просториите на БИС Инженеринг, како и теренска работа на територијата на Република Македонија.

 

Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации и ваквиот работен ангажман е предизвик за вас, доставете ја својата лична биографија (CV) на следниот мејл: [најави се за да го видиш е-маилот]  или телефонски на +389 2 3123-848.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »