Јонгис, компанија фокусирана на развој и имплементација на B2B софтверски решенија, има отворени позиции за:
Менаџер за бизнис развој / Business development manager
Опис на одговорности:
-
Креирање и имплементација на стратегија за идентификување на можности за пласман на постоечките и нови софтверски продукти/услуги
-
Претставување на продуктите и компанијата на потенцијални клиенти преку директна комуникација - состаноци со лично присуство, online видео конференции, повици, email …
-
Управување со sales pipeline на компанијата, поставување на цели и следење на нивното спроведување
-
Преговарање и склучување договори за соработка со нови партнери и клиенти, со поддршка од менаџментот за припрема на пoкомплексни понуди/решенија
-
Меѓуфункционална соработка со интерните тимови за продукт и развој
-
Анализа и припрема на извештаи за каналите за генерирање можности
Потребно искуство и способности:
-
3 години искуство во биз. дев, продажба или маркетинг на B2B решенија во ИТ индустрија или слично
-
Одлични комуникациски и презентациски способности, концизно изразување при составување дописи и вербална комуникација
-
Техничка подготвеност за користење workplace апликации од типот на G suite алатки, CRM системи, Microsoft Office продукти, project management системи и сл.
-
Напредни аналитички и истражувачки способности
-
Проактивност и самоиницијативност
-
Одлично познавање на Македонски и Англиски јазик
Пакетот за вработување содржи плата која се базира на искуство, како и бонуси/комисии од склучени договори.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во наредна фаза.
Заинтересираните кандидати своите апликации може да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за работната позиција за која аплицираат.
Останати огласи »