За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира...
повеќе за компанијата »Хилл Скопје за својот клиент, германска фармацевтска компанија присутна низ цела Европа, бара самостојна, организирана и мотивирана личност за позицијата:
Теренски соработник
Квалификации:
- Образование од областа на фармација, медицина/ стоматологија или економија
- Искуство во теренска продажба, комерцијално или веледрогериско работење ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик и MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
- Одлични комуникациски и преговарачки способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Динамичност, флексибилност и самоиницијативност
Одговорности:
- Посета на аптеки со цел воспоставување и одржување на партнерските односи
- Идентификување на нови деловни можности и иницирање на контакти
- Одговорност за продажбите во доделениот регион
- Наплата на побарувањата
- Редовно известување за текот на активностите и водење на соодветна евиденција за спроведените активности
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 09.07.2019, со назнака за позицијата.
E – mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.hill.mk
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
Слични огласи »