Соработник за правни работи

За компанијата: Промотивни огласи на KARIERA.mk. Доколку сакате да објавите ваш оглас и да ги најдете најдобрите кандидати за вашите работни позиции, креирајте сметка на сајтот и објавувајте огласи бесплатно. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 10.2020
  • ПРОМО
  • Активен до 11.10.2020
  • Позиција: Правник
  • Локација: Скопје
  • Веб: kariera.mk

Компанија која е лидер во својата област во земјава и надвор од неа, со меѓународни признанија и сертификати за квалитет на своите производи, со постојан фокус на унапредување на работните процеси и континуирано инвестирање во опрема и подигнување на човечкиот капитал има потреба од:

 

                                                     СОРАБОТНИК ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

                                                                         - 2 ПОЗИЦИИ -

 

Профил на кандидатот:

  • Образование – ВСС Правен факултет, со положен правосуден испит
  • Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Прецизност, аналитичност и ориентираност кон резултати
  • Висок личен интегритет и деловна култура

Клучни одговорности:

  • Изготвување на одлуки од Генерален директор, изјави до банки, известувања и барања до надлежни институции
  • Следење на рокови за доставување на извештаи до надлежни институции
  • Следење на законска регулатива и известување на соодветните сектори на кои се однесуваат конкретните регулативи
  • Доставување напотребната документација до надлежните органи, ревизорски куќи, банки
  • Составување на договори и спогодби
  • Изработка на одлуки, решенија и акти за остварување на права, обврски и одговорности на вработените
  • Правно-административни активности, комуникација, претставување и застапување на компанијата онаму каде што не е задолжително присуство на адвокат

 Ви нудиме одлични услови за работа, можности за едукација и кариерен развој.

Апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани, по што изборот ќе се прави по јасни критериуми, по пат на тестирање и интервјуирање на кандидатите.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »