Сава пензиско друштво а.д. Скопје лого

Соработник за администрирање на фондови

За компанијата: Сава пензиско друштво а.д. Скопје има единствена дејност на управување со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите. повеќе за компанијата »

Секторот за Сметководство, финансии и контролинг има потреба од дополнување на својот тим со ангажирање на вработен на позиција:

СОРАБОТНИК ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ФОНДОВИ

 Опис на работните задачи:

  • Вршење на дневни активности поврзани со евидентирање податоци за приливи, одливи и инвестирање на средствата на пензиските фондови.
  • Администрирање со документација поврзана со приливите на средствата и инвестирањето на средствата на пензиските фондови.
  • Евидентирање настани и вреднување финансиски инструменти, проценка на средствата и утврдување на вредноста на нето средствата, бројот и вредностите на сметководствените единици на пензиските фондови и Друштвото.
  • Оперативни активности поврзани со процесот на исплата на пензии и пензиски надоместоци.
  • Креирање и доставување дневни извештаи за проценката на средствата на пензиските фондови
  • Разменување фајлови и друга комуникација со МАПАС и банката чувар на имот.
  • Подготвување финансиски и други извештаи за фондовите.
  • Следење, анализа и контрола на прописи од областа на работењето. 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование – Економски факултет;
  • регулатива од областа на задолжително и доброволно  капитално финансирано пензиско осигурување; 
  • познавање на стандардни алатки за персонални компјутери;
  • познавање на странски јазик.

 Сава пензиско друштво а.д. Скопје нуди:

  • Интересна и динамична работа,
  • Висина на примања согласно искуството на кандидатот плус бонуси согласно интерните акти на Друштвото
  • Можност за личен и стручен развој со поддршка на Друштвото;
  • Работно време 40 часа неделно, секој работен ден од понеделник до петок од 08-16 часот
  • Приватно здравствено осигурување по исполнување на услови
  • Новогодишна награда
  • Регрес за годишен одмор

Дополнителни информации

За да аплицирате доставете ја Вашата лична биографија и писмо за интерес од кои се гледа дека ги исполнувате потребните улови и квалификации, со назнака за кое работно место аплицирате на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 07.03.2025 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 31.03.2025 година. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат кој се пријавил на конкурсот.

Друштвото ќе постапи со пристигнатите пријави во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со Сава пензиско друштво а.д. Скопје, со седиште на ул. Димче Мирчев бр.20, Скопје, на електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »