Практична работа на Меѓународен Аеродром Скопје

За компанијата: ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од... повеќе за компанијата »

ТАВ Аеродроми ја има лидерската позиција во секторот аеродромски операции во Турција. ТАВ Аеродроми управува со аеродромите Ататурк во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Газипаша во Аланија, Милас во Бодрум, и аеродромите во Анталија, сите во Турција, како и со аеродромите во Грузија, Тбилиси и Батуми, Монастир и Енфидха-Хамамет во Тунис, аеродромите во Скопје и Охрид во Македонија, Медина аеродромот во Саудиска Арабија и Загреб во Хрватска.

Заедно со своите подружници, компанијата опслужи еден милион летови и 152 милиона патници во 2018 година.

 

Практична работа на Меѓународен Аеродром Скопје

ТАВ Македонија нуди практична работа за студенти кои се заинтересирани во областа на:

  • Прифаќање и испраќање на патници
  • Помош на патници при Self-check-in
  • Информации и Изгубен багаж
  • Корпоративни комуникации - спроведување на ASQ анкети

 

Се охрабруваат сите оние кои се сметаат за комуникативни, љубезни, енергични, снаодливи, со добри вербални способности на Англиски, како и друг јазик (Албански, Турски, итн.) и кои сакаат да стекнат практично искуство во основите на аеродромските операции.

Со комплетирањето на практичната работа кандидатите ќе се стекнат и ќе ги подобрат своите:

  • комуникациски вештини
  • комуницирање на странски јазик
  • спрвување со клиенти / тешки клиенти
  • работни навики
  • професионален однос кон работата и кон други колеги 

 

Услови на практичната работа:

  • Траење: 5 месеци
  • Работа во различни смени
  • Организиран превоз до и од Аеродромот
  • Организиран оброк

 

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]со назнака “Практична работа“.

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Во очекување сме на Вашите апликации!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »