
За компанијата:
Парти Сервис Лео e една од најголемите водечки компании во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна на територијата на Република Северна Македонија. Нашата... повеќе за компанијата »
Парти Сервис Лео e една од најголемите водечки компании во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна на територијата на Република Северна Македонија.
Успешната приказна на нашата Компанија ја градиме континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на Компанијата во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би се придружиле на нашиот Тим.
Поради проширување на Тимот, LL GOURMET има потреба од вработување на
МАГАЦИОНЕР
Работни задачи и одговорности:
- Врши прием и соодветно складирање на артикли во магацин
- Го евидентира приемот на артикли согласно утврдените процедури за работа
- Врши издавање на артикли согласно потребите
- Ги следи роковите на артиклите согласно FI-FO стандардите
- Ги почитува хигиенско-санитетските правила и се грижи за уредноста и подредувањето на артиклите во магaцинот
- Врши евиденција на следливост на сите комори
- Извршува и други работни задачи во и околу магацинот по потребa
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Организирана, одговорна и доверлива личност која е темелна и совесна во извршување на работните задачи
- Работно искуство во прехрамбена индустрија ќе се смета за предност
- Валидна возачка дозвола Б категорија
Нa кандидатот му нудиме:
- Конкурентски месечни примања
- Работа во пријатна и организирана работна средина
- Можност за понатамошен професионален развој
- Организирана исхрана
- Платен превоз
- Подарок за роденден
- Колективно осигурување 24/7
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Магационер”
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.


Слични огласи »