Кафе Амбасадор (м/ж)

За компанијата: Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци. повеќе за компанијата »

КАФЕ АМБАСАДОР м/ж

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

 

ШТО НУДИМЕ?

  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Флексибилност во организирање на работното време

 

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Презентација на понуди за кафе за нови ХоРеКа објекти, одлично познавање на портфолиото, опремата за кафе и рутините на баристите.
  • Водење на преговори и водење на процесот за склучување и продолжување на договори.
  • Одговорен/на за развој на пазарот во одредени области за да се постигнат таргети за волумен, раст, приход и дистрибуција.
  • Менаџирање на буџети и одговорна алокација на ресурсите за поголеми инвестиции, маркетинг и одржување.
  • Следење на задоволството на купувачите преку KPI
  • Обучување и поддршка на купувачите, вклучувајќи поставување и прилагодување на опрема и тренинг на баристи.
  • Олеснување на комуникацијата помеѓу купувачите и внатрешните тимови (маркетинг, кафе експерти и техничка служба).

 

ШТО БАРАМЕ:

  • Одлично познавање од областа на кафе и кафе култура
  • Исклучителна комуникативност и лидерски вештини
  • Одлични вештини за продажба и преговарање со докажано искуство во продажба на кафе или премиум алкохолни пијалаци во ХоРеКа објекти
  • Аналитички вештини, презентациски вештини и способност за менаџирање буџети
  • Ефикасно градење на меѓусебни односи и партнерства
  • Завршено високо образование и течно зборување на Англиски јазик
  • Активен возач со Б категорија

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 17.11.2024г.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »