Сервисер за котли и камини на пелетии/ии топлински пумпи

За компанијата: Врвна Опрема за Греење и Ладење / Климатизација / Топлински Пумпи / Греење на Пелети / Радијатори / Подно Греење / Фенкојлерско Греење и Ладење / Проектирање Продажба и Сервис / Дел од брендовите со коишто... повеќе за компанијата »

Почитувани поради проширување на нашиот тим имаме потреба од сервисер за котли и камини на пелети и / или топлински пумпи.

Кандидатот може да се разбира и само во сервисирање на котли и камини на пелети или пак само за сервисирање на топлински пумпи.

* Доколку кандидатот има спремност и познавање на сервисирањето и на котлите и камините на пелети, воедно и сервисирање на топлински пумпи, ќе биде исклучително ценето и соодветно наградено.

Нашата фирма ТЕХНО АУТО ДООЕЛ  е со повеќе од 33 годишно искуство и активна работа во обаласта на Греење и Климатизација, HVAC (Heating, Ventilation and Air Conditioning).

https://tehnoauto.com.mk/

Генерални застапници сме и работиме со реномирани Европски и Светски брендови од областа на греење и климатизација од кои би ги издвоиле: THERMOFLUX, PANASONIC, BAXI - BDR THERMEA GROUP, ARISTON, PEKPAN, FONDITAL, ECOFLAM, SISARKA PELET и други.

Ги работиме сите видови на инсталации за греење и ладење. Во моментов најпопуларни се греење и ладење со топлински пумпи, како и греење на пелети. Видови на инсталации: Подно Греење, Радијаторско Греење, Фенкојлерско греење и ладење, Централни Системи, Мултисплит Системи.

Освен продажба имаме и сопствен сервис на целокупниот наш продажен програм.

* Имаме отворена работна позиција за стручен, одговорен и посветен сервисер со солидно искуство, кој во нашата фирма секогаш ќе може да се надоградува и напредува.

Потребни квалификации за работното место:

  • Познавање на работата на топлински пумпи и / или печки на пелети, како и работата на нивната автоматика
  • Способност за сервисирање на топлински пумпи  и  / или печки на пелети
  • Предност би била поседување на возачка дозвола Б – Категорија

Ние нудиме:

  • Работа со висококвалитетни, врвни брендови, посетување на обуки и сертифицирање.
  • Исклучително конкурентни, редовни и стабилни месечни примања
  • Здравствено и пензиско осигурување на полн износ на плата
  • Можност за постојано растење и унапредување што би допринело за сукцесивно зголемување на платата
  • Работа во позитивен амбиент со трудољубива, пријателска екипа, која почитува тимска работа

Работната позиција е претежно за Скопје, но и со повремени патувања и до другите градови во Македонија, со стандардно работно време од 08:00 до 16:00 часот

Телефон за контакт: 071 257 086

e-mail - на кој можете да ни испратите Ваше CV:

[најави се за да го видиш е-маилот]

[најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »