Дистрибутер за кафе - Скопје

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

ЦЕРМАТ ДОО има потреба од Дистрибутер за кафе, на реон Скопје.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  1. Завршено минимум ССС;
  2. Возачка дозвола – „Б“ – категорија;
  3. Работно искуство во продажба на espresso-кафе на овој реон ќе се смета за предност;
  4. Да има основни познавања од одржување на машини за espresso-кафе.

ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  1. Самоиницијативност, лојалност и одговорност во извршување на работните задачи;
  2. Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
  3. Прецизност и ажурност во работата;
  4. Личност со позитивен став и ориентираност кон професионално и одговорно завршување на работните задачи.

Заинтересираните кандидати да достават CV со СЛИКА на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака: Апликација за  ДИСТРИБУТЕР ЗА КАФЕ - СКОПЈЕ.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »