Junior Frontend Developer

За потребите на нашата компанија, ПЕРУН ТЕХНОЛОГИИ ја огласува следната позиција:

 

JUNIOR FRONTEND DEVELOPER

 

Работни обврски кои се очекуваат од кандидатот:

 

  • развој на програмски код, според воспоставена методологија на работа;
  • учество при дефинирање на кориснички интерфејси и развој на компоненти (искажување идеи и нивна реализација);
  • развој на нови компоненти, како и анализа на постоечки компоненти од системот и подобрување на истите;
  • пишување на корисничка и техничка документација;
  • евиденција на работни обврски и почитување на крајните рокови

 

 

 

Потребни познавања, искуства и вештини:

 

  • основно познавање на React.js, Redux.js, Node.js, HTML, CSS и JavaScript;
  • дополнително познавање на  Java, SQL (работа со бази на податоци) ќе се смета за предност;
  • задолжително познавање на Македонскиот јазик,
  • добро познавање на Англиски јазик;
  • добри комуникациски вештини,
  • иницијативност, креативност, како и способност и желба за тимска работа;
  • работно искуство од најмалку 2 години во бараната област ќе се смета за предност
  • универзитетска диплома од областа на информатичките технологии

 

 

 

Што нудиме:

 

  • пријатна и динамична работна околина во иновативна компанија
  • поддршка за запознавање со работните процеси на компанијата, како и потребните проектни активности во кои кандидатот би бил вклучен
  • можности за професионален и личен развој во повеќе области

 

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

 

Работното време е 40 работни часови неделни, односно 5 работни дена по 8 часа (08:00-16:00). Работењето се реализира исклучително со физичко присуство.

 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови и се заинтересирани, своите ажурирани професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со наслов: 

 

АПЛИКАЦИЈА ЗА JUNIOR FRONTEND ПРОГРАМЕР

 

Крајниот рок за аплицирање е: 31/03/2022

 

За аплицирање се покануваат само кандидатите кои ги исполнуваат условите наведени во огласот.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »