Воспитувач

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување на воспитувач во приватна детска градинка

Приватната детска градинка “МАЛИОТ ПРИНЦ” објавува оглас за вработување на Воспитувач.

За таа цел имаме потреба од мотивиран и креативен член на тимот кој ќе биде одговорен за подготовка и спроведување на програмата за воспитание и едукација на деца на предучилишна возраст.

Потребни квалификации:

  • Дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст или дипломиран педагог за предучилишно воспитание - со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен или со завршено соодветно вишо образование за воспитувач;
  • Важечка лиценца за воспитувач;
  • Минимум 1 година работно искуство во формално или неформално воспитание на деца на предучилишна возраст;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со MS Office (Word, Excel, Power Point), интернет алатки Google Drive, Outlook и сл.;

Вештини и способности:

  • Способност за планирање, организирање и извршување на задачи;
  • Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини;
  • Професионален и позитивен однос;

Што нудиме:

  • Позитивна и динамична работна средина каде проактивноста е секојдневие;
  • Професионален развој, учество на обуки и семинари;
  • Компетитивен надоместок во зависност од искуството на кандидатот;

Дополнителни информации поврзани со работниот ангажман:

  • Работно време на оваа позиција е 8 часа, со работно време од 07:00 до 15:00 часот, од понеделник до петок
  • Локацијата на извршување на работниот ангажман е населба Козле, Скопје

Испратете го Вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со наслов Апликација за воспитувач.

Краен рок за аплицирање: 07.05.2021

Селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »