Лаборант/Хемиски техничар/Фармацевтски техничар

Плата од 22.000 ден. до 30.000 ден.

За компанијата: GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Добавувачи сме за се што може да им биде потребно на лабораториите за контрола на квалитет, а истовремено имаме и акредитирана лабораторија за спроведување на сите анализи потребни за контрола на квалитет во индустријата. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред еден месец
  • GenLight
  • Активен до 05.04.2024
  • Позиција: Хемиски техничар
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.genlight.mk
  • Instagram: [email protected]

GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Застапници сме на компании за лабораториски реагенси, потрошни материјали и хемикалии, а преку акредитираната лабораторија нудиме услуги за испитување на храна и вода. Потребен ни е лаборант со Б категорија дозвола за:

  • Припрема на раствори,
  • Одржување на хигиената во лабораторијата
  • Одржување на дел од системот за контрола на квалитет
  • Прием на примероци
  • Земање на примероци
  • Дистрибуција на материјали 
  • Магацинска работа

Нудиме можност за унапредување на работното место во насока на развој на соработка со клиенти и/или развој во лабораториските вештини и познавања на аналитички методи. Платата постојано ја зголемуваме, но поради обемот на почетна обука што ја даваме на новите колеги, почетната плата е 24 000 нето. Доколку сте апликант со искуство, се договараме околу платата. 

Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Планиран рок за вработување 01.04.2024

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »