Комерцијалист

(преземи го огласот како PDF)

Скопски Легури Mајнинг ДООЕЛ Скопје вработува  КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Главни одговорности и обврски:

  • Постапување по барањата доставени од други служби за набавки на материјали и услуги и тоа: прием на барања, евидентирање на барање, обезбедување понуди, и профактури, одговор на добиени понуди, учество во подготовка на деловен (комерцијален) Договор, формирање на приемница за набавената стока, прием и контрола на добиена фактура, формирање на и извештај за реализирано барање;
  • Организирање и одржување средби со добавувачи;
  • Подготовка на конкурентски листи за тендерна процедура;
  • Следење на состоjби за коминтенти и подготовка на извештаи;
  • Организирање царинење на стоки од увоз, контактирање со царинските посредници и обезбедување на потребна документација;
  • Врши други работи и задачи по налог на претпоставениот раководител.

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

  • Завршено високо образование од област на економска и или техничка струка;
  • со и без искуство, искуство за работа во областа на набавки ќе се смета за предност;
  • Познавање и активно користење на пишан и говорен англиски јазик;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, позитивен однос и одговорност кон работата;
  • Педантност и ажурност при извршување на работните задачи;
  • Спремност за обука и унапредување на своето знаење;
  • Способност за тимска и индивидуална работа;
  • Напредна работа во програми Word, Excel, Powerpoint;
  • Основно познавање на Инкотермс.

Компанијата нуди:

  • Соодветен паричен надоместок за работа со редовно работно време од 40 часа неделно + дополнителен бонус, зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
  • Обезбеден и платен топол оброк;
  • Годишен одмор од 24 работни дена;
  • Работа во интернационална компанија, динамично работење исполнето со нови предизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.

Сите заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија на следниот емаил : [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за - Оглас за комерцијалист,

Aпликациите ќе се прифаќаат до 20.12.2024 година.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

Ви благодариме за Вашиот интерес.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »