Пивара Скопје АД лого

Бренд менаџер за премиум жестоки пијалаци (м/ж)

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.

повеќе за компанијата »

БРЕНД МЕНАЏЕР ЗА ПРЕМИУМ ЖЕСТОКИ ПИЈАЛАЦИ м/ж

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

Заради зголемен обем на работа, и проширување на брендовите, го прошируваме и тимот за премиум жестоки пијалаци.

Биди движечката сила зад успешната приказна на нашите премиум жестоки пијалаци! Бараме динамичен и стратешки ориентиран Бренд Менаџер кој ќе води иновативни маркетинг стратегии во склад со нашите бизнис потреби.

 

ШТО НУДИМЕ?

  • Работа со светски познати брендови - Bacardi, Martini, Bombay Sapphire, Grey Goose, Patron, Camino, St-Germain, Finlandia, The Macallan, Highland Park, Brugal, Naked Malt, The Famous Grouse, Zlatna Rakija i Pelin.
  • Можности за обуки и развој поддржани од две големи интернационални корпорации
  • Флексибилност во организирање на работното време и хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Достапност на сите програми кои се во рамки на Клуб Пиварци - Програма за унапредување на благосостојбата на вработените како и Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Развој и имплементација на маркетинг планови во склад со бизнис целите
  • Анализирање на маркетинг трендовите и однесувањето на потрошувачите за идентификација на нови можности
  • Проценување на ефикасноста на маркетинг стратегиите и имплементација на решенија за подобрување на процесите
  • Меѓусекторска соработка за непрекинат тек на BTL маркетинг активностите
  • Менаџирање на односи со маркетинг агенции и воспоставување на јасни комуникациски процеси

ШТО БАРАМЕ:

  • Докажано искуство во бренд менаџмент и развој на маркетинг стратегии.
  • Изразени аналитички вештини за донесување на стратешки одлуки
  • Факултетска диплома и течно зборување на Англиски јазик
  • Исклучителна комуникативност и лидерски вештини
  • Страст за иновација и развој

 

Ако си подготвен/а да направиш импакт и да ги направиш нашите брендови уште поуспешни, ти си човекот за нас! Аплицирај сега да се приклучиш на тимот #Пиварци како Бренд Менаџер. Ајде заедно да направиме една успешна приказна! 

Аплицирај најдоцна до 15.06.2025г. 

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »