Транспаренси Интернешнл – Македонија (TИ-М) има потреба од квалификуван кандидат кои ќе работи во канцеларијата во Скопје за следното работно место: Правен советник – 1 кандидат
Кандидатите треба да поднесат доказ за сите компетенции наведени во огласот.
Огласот трае до 15.02.2017 година.
Селектираните кандидати ќе бидат поканети на разговор.
Познавањето на јазик ќе се провери со интерно тестирање.
Апликациите да се испратат по пошта на адреса на Транспаренси Интернешнл - Македонија, ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270 или на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Кандидатите покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:
- Релевантна диплома по правни науки (седми степен)
- Положен правосуден испит
- Одлично познавање на албанскиот јазик
Дополнителни особини, искуства и вештини:
- Разбирање на културни разлики и тимска работа
- Одлични комуникациски вештини
- Искуство во донесување на одлуки – раководење и менаџирање
- Искуство и вештина во комуникација со граѓани
- Работа со претставки
- Работа со компјутер и самостојно користење на софтвер за пишување, табеларни прегледи,електронска размена на информации и комуникација
- Способност за подготовка на извештаи, статистички прегледи
- Одлично познавање на англискиот јазик