Бебел Тојс Лтд Дооел лого

Менаџер на продажба/ (Retail Manager)

Менаџер на продажба/ (Retail Manager)

За компанијата

Bebel Fashion е млада компанија која се занимава со малопродажба на женска модна облека. За кратко време успеавме да станеме препознатлив бренд на македонскиот пазар и да направиме една од поголемите мрежи на бутици во Скопје. Моментално имаме 5 продавници во Скопје и 1 продавница во Куманово, со план во наредната година да се прошири нашата продажна мрежа и во други градови во Македонија.

Како Менаџер на малопродажба/ (Retail Manager), ќе имаш можност да работиш во млада брзорастечка компанија. Твојата кариера ќе расте како што растеме и ние.

Опис на работното место

Менаџерот на малопродажба ги надлгедува сите операции во продажните објекти, ги контролира активностите на вработените, организира и прави распореди, и менаџира со разни административни задачи.

Главна задача на менаџерот на малопродажба е да ја зголеми продуктивноста и профитабилноста на секој малопродажен објект.

 Главни одговорности

  • Управување со административните задачи во малопродажните објекти
    • Задавање на работни задачи на вработените во малопродажните објекти
    • Да се осигура дека сите поплаки од муштериите се решени со професионален и ефективен однос
    • Вработување и отпуштање на персоналот
    • Грижа за залихата, обезбедување на адекватна залиха, што е поставена соодветно
    • Одржување на малопродажните објекти
    • Да ги движи продажбите преку ефикасна употреба на просторот
    • Поставување на таргети за продажба
    • Да се осигура дека сите вработени си ги извршуваат зададените задачи
    • Следење и ревидирање на перформансите на секој малопродажен објект со цел да се одредат продажните цели, платите и други трошоци
    • Правење и следење на месечниот биланс на успех
    • Правење и следење на извештаи за дневните, неделните и месечните продажби и осигурување дека ќе се исполнат
  • Да ги следи трендовите и пазарот за да може да се прилагоди на промените
    • Планирање на нови продукти за продажба
    • Евалуирање на продажбите на продуктите
    • Следење на преференсите на купувачите
    • Максимизирање на продажбите со имплементација на различни маркетинг планови и стратегии
    • Проектирање на продажбата и одредување на профитабилноста на продуктите
    • Следење на конкуренцијата
    • Разбирање на локалниот пазар и давање идеи за можности за раст

Потребни квалификации

  • ВСС (високо образование) – пожелно економски факултет;
  • Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа (продажба, маркетинг);
  • Претходно искуство на раководна позиција (раководител на тим), од минимум 1 година.
  • Раководни и лидерски способности;
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност;
  • Одлично познавање на софтверски решенија- MS Office;
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
  • Способност за разрешување на проблеми;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.

 

Апликацијата може да ја пратите на: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Поздрав

Ваш Бебел

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »