Специјалист за социјални медиуми

  • Објавен на 11.2017
  • Цертиадриа
  • Активен до 27.11.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Certiadria е компанија која работи во областа на ИТ како авторизиран партнер на Certiport / Person VUE за јадранскиот регион. Компанијата е лидер во понуда на светски признати образовни и сертифицирани програми. Она што ја прави оваа меѓународна компанија уникатна, се партнерства со светските лидери во сертификација и издаваштво, како на пример Microsoft, Adobe, Autodesk, IC3, C ++. Certiadria објавува оглас за следнава позиција:

Специјалист за социјални медиуми

Потребни квалификации:
• Висока стручна подготовка;
• Искуство во принципите и работата на промоција преку социјални мрежи;
• Познавање на Adobe Photoshop за креирање на креативи за различни типови на социјални мрежи;
• Познавање на Microsoft Office;
• Задолжително познавање на англиски јазик;
• Возачка дозвола Б категорија.

Личен профил:
• Комуникациски вештини;
• Способност за работа под притисок и фокусирање на повеќе работни задачи во исто време;
• Ориентираност кон тимска работа;
• Професионален однос кон работни обврски;
• Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи;
• Ефективност и организираност.

Одговорности:
• Унапредување и промоција на продажбата во  земјата и странство;
• Осмислување и креирање на промотивни кампањи и дефинирање на целите кои што би се постигнале со истите;
• Промоција на нови и постоечки услуги;
• Администрирање на социјалните мрежи;
• Комуникација со постоечка база на корисници и зголемување на истата;
• Пишана и навремена комуникација со клиентите преку социјалните мрежи;
• Грижа за корисниците на услугите на компанијата;
• Остварување на деловни состаноци;
• Изготвување на извештаи.

Нудиме:
• Можност за напредување;
• Надоместок со постојана можност за бонуси;
• Мотивирачка работна средина и можност за тимска работа.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да го испратат своето CV и мотивационо писмо со назнака “Специјалист за социјални медиуми“ најдоцна до 27.11.2017 година на следната маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Само оние апликации кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Нецелосните апликации нема да бидат земени в предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »