ОДГОВОРЕН ФАРМАЦЕВТ НА ЛОГИСТИКА

ФЕНИКС Фарма како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија за лекови во 26 земји ширум Европа, секојдневно придонесува за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате  позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:

 

ОДГОВОРЕН ФАРМАЦЕВТ НА ЛОГИСТИКА

 

Обврски и одговорности:

  • Обезбедува ефикасна примена на системот за управување со квалитет на производот кој е предмет на дистрибуција
  • Присуствува и комуницира со регулаторни инспекции, интерни и екстерни контроли 
  • Издавање и верификација на налозите за терциерно пакување, ослободување на сериите на готов лек и трансфер во комерцијален лек
  • Контрола на целокупниот процес за обработка на артикли во Терциерно производство 
  • Одговорен за прием, складирање и издавање на артикли со ознака наркотика и водење на книга за наркотика

 

Потребни квалификации

  • ВСС - Фармацевтски факултет
  • Задолжително да поседува лиценца за вршење фармацевтска дејност 
  • Пожелно е искуство во веледрогериско работење

 

 Потребни вештини и способности:

  • Познавање на MS Office 
  • Комуникациски и организациски вештини
  • Почитување на зададени рокови 

 
Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.
 
Работниот однос за позицијата ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 09:00 до 17:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
 
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава  на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]  
 
Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »