Систем администратор

Кроација осигурување АД - Друштво за неживотно осигурување, вработува: Систем администратор 

Во Дирекција, Град- Скопје

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Инсталација и одржување на компјутерски мрежи и компјутерска опрема;
  • Администрирање и одржување на системи за надгледување и мониторинг;
  • Обезбедување aнтивирусна заштита и backup алатки и процедури;
  • Одржување на Microsoft Active Directory, администрација на корисници, полиси и привилегии;
  • Имплементација и мониторирање на безбедносни IT на безбедносни IT политики согласно интерните процедури;
  • Водење грижа за ИТ инфраструктурата на компанијата;
  • Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси;
  • Комуникација и коoрдинација на надворешни соработници;
  • Обезбедување техничка поддршка на внатрешни корисници;
  • Комуникација со глобалниот тим во спроведување на ИТ стратегија.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Познавање и управување со мрежни технологии;
  • Microsoft Active Directory, Storage Area Networks, VMware, VCentar, MS Azure Security Products.
  • MS Windows Server, DB Server, MS Office, Linux
  • Антивирусна заштита, Firewall, Backup алатки и процедури;
  • Одржување на Microsoft 365.
  • Владеење на деловен англиски јазик, усно и писмено;
  • Високо образование
  • Компјутерски писменост и владеење на MS Office;
  • Одлични комуникациски вештини и способност за индивидуална и тимска работа
  • Педантност, одговорност и исполнителност;
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки односи;
  • Демонстрирање на цврста работна етика;
  • Искуство во областа ќе се смета за предност
  • Способност за филтрирање информации и проценка на  приоритети;
  • Способност за размислување однапред и предвидување на потребите пред да настанат;
  • Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или чувствителни работи;
  • Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор.

Друштвото Кроација осигурување - неживот нуди:

  • Вработување со полно работно време
  • Конкурентна плата
  • Посета на специализирани обуки
  • Одлична можност за професинален развој

Потребна документација:

  • CV – Лична Биографија
  • Мотивационо писмо

Доказ за завршено образование

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги достават на емаил [најави се за да го видиш е-маилот] со рок до 20.01.2024 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР”.

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор. а изборот ќе се изврши не подоцна од 05.03.2024 година. Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »