За компанијата: Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на...
повеќе за компанијата »Офис Плус, Водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема,
Има потреба да вработи:
МЕНАЏЕР НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Одговорности и задачи:
- Креирање и објава на огласи за вработување
- Примарна селекција и извршување на интервјуа
- организација и спроведување на целокупен процес на вработување на нови кадри (комплетен административен процес)
- спроведување на целокупен процес на регрутација, селекција и развој на вработени
- комплетно уредување и водење на целокупната документација согласно ЗРО (решенија, одлуки, годишни одмори, боледувања итн.)
- подготовка, изработка и имплементација на одредби на оддели, описи на работни места и интерни процедури на компанијата
- креирање на буџет за плати;
- подготовка на плата
- подготовка на модули за награда и дисциплински мерки на вработени
- воведување на нововработени во професионалните стандарди и процедури на компанијата ;
Потребни квалификации:
- ВСС ( Економски, Правен , Факултет од областа на човечки ресурси)
- Задолжително работно искуство од минимум 3 години
- Напредно ниво на познавање на работа на компјутер (Ms Office, Internet)
- Познавање на работа со софтвери од областа на човечки ресурси
Профил на личност:
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Организираност, одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
- Самоиницијативност при извршување на работните задачи
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок
Испратете ваша биографија (CV) и мотивационо писмо, на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] ,
Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, одговорни сте, имате позитивен и професионален пристап кон работата и желни сте за стекнувања нови знаења, но и за споделување на своите досегашни искуства, тогаш Вие сте нашиот идеален кандидат!
Испратете кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Менаџер за човечки ресурси”.
и очекувајте да Ве повикаме на преелиминарно интервју!
Само одреден број на селектирани кандидати ќе бидат известени и повикани на тестирање и разговор.
Со испраќањето на вашето CV дозволувате истото да се чува и за намена вработување на исти и слични работни позиции.
Слични огласи »