СИГАЛ ИНШУРЕНС ГРУП АД Скопје лого

Овластено лице за спречување перење пари и финансирање на тероризам (ОЛСППФТ

СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП  е дел од една од водечките осигурителни групации во регионот. Групацијата е присутна во повеќе држави во регионот преку мрежа на друштва за осигурување и илјадници вработени, кои секојдневно обезбедуваат квалитетни и сигурни осигурителни решенија, насочени кон заштита и задоволување на потребите на клиентите.

Како дел од силна меѓународна групација, СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП   им овозможува на своите вработени стабилна и динамична работна средина, можности за професионален развој и надградба, како и работа во тим составен од професионалци со јасна визија и амбиција.

Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната позиција:

Овластено лице за спречување перење пари и финансирање на тероризам (ОЛСППФТ)

Основни задачи:

  • Обезбедување усогласеност на работењето на Друштвото со законските и интерните акти од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам.
  • Следење, анализа и проценка на ризици, трансакции и деловни односи со цел навремено откривање сомнителни активности.
  • Подготовка и доставување извештаи, пријави и известувања до надлежните институции согласно законските барања.
  • Спроведување обуки и обезбедување стручна поддршка на вработените за правилна примена на СППФТ мерките.

Потребни квалификации и вештини:

  • Пожелно претходно искуство во осигурувањ
  • Организираност и аналитичко размислување;
  • Мотивирана, стабилна и одговорна личност
  • Способност за самостојна и тимска работа.

Што нудиме:

  • Вработување со полно работно време;
  • Континуирана обука, едукација и професионален развој.

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси,испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]   или аплицирајте преку полето „Аплицирај“.

Само кандидатите чии квалификации одговараат на барањата и потребите на компанијата ќе бидат контактирани телефонски или писмено за покана на разговор

Личните податоци на кандидатите се третират како строго доверливи и ќе бидат обработувани и заштитени во согласност со важечките законски прописи за заштита на лични податоци.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »