ПРОГРАМЕР ЗА РАЗВОЈ НА АПЛИКАЦИИ (Software Developer)

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

Ван Хоол Македонија ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт телефонски број (02) 551-2851, има потреба од вработувањe на

ПРОГРАМЕР ЗА РАЗВОЈ НА АПЛИКАЦИИ (Software Developer)

Работни задачи

  • Одржување и доработка на постоечки апликации;
  • Развој на нови апликации;
  • Корисничка поддршка;

Потребни вештини, знаења и искуство

  • Искуство во напредно програмирање со најновите верзии на .net/java/javscript/php;
  • Искуство со web програмирање;
  • Искуство во развој (програмирање) на апликации за мобилни уреди;
  • Способност за разбирање и имплементирање на логиката на деловните процеси;
  • Искуството со Unisys BIS (Business Information System, порано попознат како Mapper), ќе се смета за предност;
  • Пожелно е поседување на базично знаење од инсталација и одржување на хардвер, софтвер и мрежи;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);

Доколку сте заинтересирани аплициирајте на www.vanhool.mk во делот на отворени работни места.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 15/08/2017

Исклучиво апликациите доставени преку www.vanhool.mk ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »