За компанијата: Со 7 факултети, повеќе од 40 програми за додипломски, магистерски и докторски студии и школа за англиски јазик, Меѓународниот балкански универзитет започнува со иновативни и современи пристапи во образованието засновани на универзални вредности.
повеќе за компанијата »
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Позиција:
А Р Х И В А Р
Меѓународниот Балкански Универзитет има потреба од 1 (еден) Архивар во одделот на Архива.
Главни одговорности:
- Води евиденција за архивираниот материјал;
- Ажурира релевантни податоци и информации за канцелариското и архивското работење;
- Им помага на колегите за управување со документи и датотеки (складирање, организација и управување со документи и датотеки);
- Помага со појдовни и дојдовни повици;
- Прима, заверува и распределува документација (распределување на документите меѓу соодветните оддели по нивно потпишувње од соодветните одговорни лица)
- Завршува други работни задачи дадени од непосреден раководител;
- Ги почитува етичките стандарди и политики на Универзитетот;
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Да поседува потребни знаења, вештини и компетенции за постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење во согласност со законските одредби;
- Да поседува комуникациски вештини, организациски вештини и мултитаскинг способности;
- Напредно познавање на работа со компјутер – одлични вештини за Microsoft Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint, Outlook) и други слични програми;
- Познавање на стандардните софтвери и способност за учење на конкретен софтвер користен од компанијата;
- Одлични писмени и комуникациски вештини во македонскиот и англискиот јазик;
Личен профил:
- Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок;
- Да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната терминологија;
- Професионален однос кон работата;
- Одговорност и способност за организација;
- Дискреција и доверливост;
- Да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во компанијата
- Ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина;
- Предлага и иницира нови идеи и активности;
- Позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите;
Позицијата подразбира работа од Понеделник до Петок, со работно време од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да аплицираат со биографија (CV) и писмо за препорака на следната емаил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Само апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.
Крајниот датум за аплицирање е: 25.11.2022
Останати огласи »