
МЛ-ГАРИ доо - МAYA вода бара кандидат кој ќе стане дел од нашиот тим за следната работна позиција:
Главен магационер
Опис на работни обврски:
- Прием и издавање на готов производ;
- Водење евиденција при прием на роба
- Подготовка на роба за достава
- Правилно одржување и складирање на постоечката роба во магацин 1
- Логистичка поддршка на секторите за продажба, дистрибуција и Магацин 2
- Одговорен за протокот на документација во Магацин 1
- Изготвување на фактури, повратници
- Редовен попис
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Искуство со управување на виљушкар
- Пожелно сертификат за управување со виљушкар. Доколку нема сертификат ќе биде обезбедена обука.
- Претходно работно искуство како магационер
- Возачка дозвола
- искуство со работа на компјутер;
Компанијата нуди:
- Работно време од понеделник до петок од 07:00 до 15:00 часот
- Викенди и државни празници не се работи
- Редовна исплата на плата и К-15
- Пријава на полно работно време
- Работа со еден асортиман – вода во различни амбалажи
Тест период од 3 месеци со можност за продолжување на неопределено.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака на работната позиција за која се аплицира.
Слични огласи »