Кредитен консултант

  • Објавен пред 2 недели
  • MCash
  • Активен до 11.10.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Битола

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од брзорастечката меѓународна група, која располага со развиена мрежа канцеларии на територијата на Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија. Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна околина.

 

Во врска со проширувањето на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозен, снаодлив и одговорен вработен на позиција:

 

КРЕДИТЕН КОНСУЛТАНТ

 

Доколку:

• Сакате да работите во финансиска институција со сигурен приход и можност за обука и развој;

• Имате искуство или сакате да стекнете искуство во областа на продажбата;

• Барате сериозна и одговорна компанија која ќе ви понуди атрактивна работна атмосфера;

• Сакате да имате слобода да одлучувате;

• Сакате да контактирате со нови луѓе и да воспоставите долгорочни односи со различни типови на клиенти.

 

Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим!

 

Од вас очекуваме:

• Остварување на продажби во однос на индивидуалните и тимските месечни цели;

• Развој и одржување на база на клиенти на локацијата;

• Клиентска услуга за плаќање и администрирање на реализирана продажба;

• Подготовка на периодично известување;

• Стручна и љубезна услуга на купувачи;

• Добри компјутерски вештини;

• Аналитичко размислување и вештини за приоретизирање на задачите;

• Вештини за тимска работа.

 

Ние нудиме:

• Договор за работа, фиксна плата и бонуси за работа;

• Платени придонеси за осигурување според платата;

• Обука во компанијата и периодична обука во секторот.

• Работа во пријатно и професионално опкружување;

• Дополнителни социјални бенефиции:

• Дополнително здравствено осигурување;

• Преференцијално разменување на вработените;

 

Ако овој предлог ви е интересен, испратете ни CV со неодамнешна слика.

Ако сметате дека одговарате на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете ја Вашата детална биографија со актуелна слика на нашата електронска адреса careers@mcash.mk

Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.

КЛИКНИ