Меш е креативна компанија за дизајн, печатење и целосно креирање на текстилни производи како за спортски, промотивни и технички текстилни производи. Имаме соработка со компании, спортски клубови, организации, меѓународни институции, маркетинг агенции во изработка на краен текстилен производ од креативна идеа.
Поради раст на обемот на работа бараме искусен оператор на плотери, со познавање на CorelDraw.
Способност за самостојна работа на машини/плотери за печатење (дообучување за машини кои ги поседуваме ќе се врши од наш стручен тим)
Работни задачи
- Подготовка на готови фајлови за печатење на плотер
- Креирање на графички решенија
Што бараме?
- Минимум ССС
- Предходно работно искуство во работа со плотери
- Одлично познавање на CorelDraw
- Добра организација и тимска работа
Место на извршување на работа: Индустриска зона „Илинден“ - Илинден, Скопје, транспортот е организиран.
Работно време: 07:00 до 15:00 часот, од понеделник до петок.
Аплицирај со:
Кратка биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.