Стартап компанијата Инста Го е динамична и иновативна организација која оперира во секторот на транспорт на патници и услуги поврзани со транспортот и туризмот. Поради воведување на нови услуги на пазарот, објавуваме оглас за вработување на креативен и амбициозен Менаџер за Дигитален Маркетинг и Продажба кој ќе ја предводи и координира нашата маркетинг и продажна стратегија.
Опис на работното место:
- Развивање и имплементација на маркетинг стратегија со цел зголемување на продажбата и присуството на пазарот.
- Анализа на пазарот, трендовите и конкуренцијата за идентификување на можности за раст.
- Креирање и извршување на дигитални и е-маил маркетинг кампањи за промоција на услугите на компанијата.
- Развивање и одржување на долгорочни односи со постоечки и нови клиенти.
Барани квалификации и вештини:
- Посветеност и креативност во маркетингот.
- Завршено високо образование во областа на маркетингот или економијата. Искуството во маркетинг и продажба ќе се смета за предност.
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини. Одлично познавање на дигиталниот маркетинг, социјални мрежи, Google Ads и други платформи за промоција.
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик. Познавањето на албанскиот јазик ќе се смета за предност.
Што нудиме:
- Конкурентна плата со можност за бонуси.
- Динамично и предизвикувачко работно место. Флексибилност.
- Тимска и пријатна работна атмосфера. Работа во иновативен тим.
Начин на аплицирање:
Доколку сметате дека ги поседувате потребните квалификации и сте подготвени за нови предизвици, испратете ваша биографија (CV) на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] . Селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.