
Плата од 30.000 ден.
За компанијата: Image Internacional DOO е лидер компанија во регионот. Успехот не се должи само на моќта на врвните брендови кои се застапуваат и нивниот изграден и препознатлив имиџ, туку и на посветениот начин на работа...
повеќе за компанијата »Image Internacional DOO е лидер компанија во регионот. Успехот не се должи само на
моќта на врвните брендови кои се застапуваат и нивниот изграден и препознатлив имиџ,
туку и на посветениот начин на работа на локалниот тим и грижата за клиентите.
Распишуваме оглас за работното место „Магационер“.
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации:
- Завршено средно образование,
- Организираност и одговорност,
- Самоиницијативност и енергичност,
- Способност за тимска работа,
- Способност за работа под притисок
- Основно познавање на MS OFFICE
- Возачка дозвола: Б категорија
- Искуство во иста или слична индустрија, вклучително и претходно искуство со работење во магацин ќе се смета за предност
Опис на работно место:
- Примање, складирање и издавање на роба
- Организација на магацин и подредување на роба
- Спремање на роба по претходно добиени налози
- Вршење попис на роба
- Дотовар и истовар на роба од и до возило за транспорт
- Организација на работа во магацин,
- Контрола на вработени во магацин и издавање на работни задачи,
- Вршење други задачи дадени од управителот или од него овластено лице и определени во интерните акти на Работодавачот,
Нудиме:
- Одлична работна атмосфера;
- Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата и К-15
- Почетна плата: 30 000 МКД нето плата
- Можност за дополнителни парични бонуси утврдени според квалитетот на извршување на работните задачи, постојаност и конзистентност во работата
- Годишен одмор од 3 недели
Работно време:
- Понеделник-петок 08:00 - 16:00 час
- Се работи секоја втора сабота (со скратено работно време) 09:00-15:00 час
- Големи државни празници не се работи
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “за работна позиција Магационер”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.image-int.mk
Тел контакт: 070 338 055
Слични огласи »