Застапник во осигурување

Триглав Осигурување АД, Скопје објавува оглас за Застапник во осигурување во Експозитурата на Друштвото во Гевгелија.

Во Групацијата Триглав градиме силни односи со нашите вработени, клиенти и деловни партнери повеќе од 120 години. Заедно, се стремиме кон безбедна иднина во која сигурно, одговорно и лесно ќе ги надминеме животните предизвици.

Задоволството на клиентите е клучот за успехот во нашата индустрија, а најважен е првиот впечаток. Затоа како застапник за осигурување ќе ве опремиме со напредни технологии, ќе ви помогнеме доколку е потребно и ќе ве наградиме за добро завршената работа.

Ќе ги развивате своите вештини со искусен ментор, а ние ќе ви овозможиме да учествувате на различни едукации кои ќе ви бидат поддршка во вашиот личен развој.

Придружете се на нашиот тим и отворете го следното поглавје од нашата заедничка приказна со нас.

ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Склучување на договори за осигурување, според важечките тарифи и услови до нивоата на овластување.
  • Реализација на планот на премија.
  • Наплата на премија и следење и наплата на сопственото портфолио.
  • Обнова и зголемување на сопственото портфолио на осигурување.
  • Дневно предавање на готовина и други средства за плаќање на благајните на Друштвото, како и навремено предавање на документацијата, предмет на неговата работа.
  • Посредување при пријава на штети.
  • Следење на развојот на подрачјето на работа и контунуирана доедукација.

БАРАЊА ЗА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Основно познавање на англиски јазик, развиени комуникациски вештини, самоиницијативност, желба за континуирано надградување и развој.

ПРЕДНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Флексибилен распоред,
  • Динамична работа на терен,
  • Работа во стабилна, реномирана и семејно ориентирана компанија,
  • Напредување и развој на кариера во меѓународна средина,
  • Различно стручно оспособување и едукации од подрачјето на работа.

ВИД НА РАБОТЕН ОДНОС:

Работниот однос е на определено време, со полно работно време.

Со цел вашата апликација соодветно да помине низ нашиот систем и да биде земена предвид при процесот на селекција, Ве молиме поднесете ја преку линкот во прилог на оваа порака:

http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000pvay0

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »