Операторза CNC машина

За компанијата: Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони. повеќе за компанијата »

Работни задачи:

  • Врши машинска обработка на делови и склопови (оперира ЦНЦ машина)
  • Чита и применува техничка документација и подготвува мерен, стезен и контролен алат.
  • Ги подготвува работните парчиња за обработка (мери, позиционира, порамнува и сл.)
  • Ја надгледува работата на машините и по потреба помага во разрешување на недостатоци и проблеми во машинската обработка.
  • Врши финална обработка на произведените парчиња 
  • Врши визуелна проверка и проверка со мерење на изработените парчиња и одговара за квалитетот и количината на изработката.
  • Врши редовно одржување на машините и опремата (чистење и подмачкување)
  • Навремено, уредно и точно пополнува евиденција поврзана со работните операции 

Услови:

  • Образование од технички струки (машински инженер, машински техничар и слично)
  • Искуство со работа на CNC машини
  • Познавање на техничка документација и технички цртеж

Што нудиме:

  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Работно време од Понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати.

Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »