Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е Вашата шанса!
О Г Л А С
За вработување на 2 (двајца) работници на определено време од 3 (три) месеци (со можност за продолжување) на работно место пожарникар – обезбедувач во Единица за заштита од пожари и приватно обезбедување во склад Илинден во Скопје во „Макпетрол“ А.Д. Скопје.
Работни задачи и одговорности:
- Редовни патролирања и обиколки низ складот
- Легитимирање и контрола на лица и возила при влез и излез
- Следење и спроведување на безбедносни и пожарникарски протоколи
- Проверка на хидрантската мрежа и опремата за противпожарна заштита
- Навремено интервенирање при појава на пожар или ризична ситуација
- Водење евиденција за сите контроли и интервенции
- Соработка со колегите и надлежните служби за одржување на висок степен на безбедност
- Обезбедува брза реакција при пожари, со активности за нивно гаснење и заштита на луѓе и имот
- Присуство при преточување (товар и истовар) на запаливи течности и гасови
- Учество во функционалните проби на Системот за заштита од пожари (систем за гаснење и ладење)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено средно стручно образование – техничка насока;
- Со или без работно искуство;
- Лиценца за физичко обезбедување;
- Уверение за стручно оспособување за пожарникар;
- Познавање од аспект на заштита од пожари, заштита и спасување;
- Познавање од аспект на приватно (физичко) обезбедување.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Работниот однос се заснова на полно работно време од 40 часа неделно, во согласност со однапред утврден распоред за работа.
Основната нето плата изнесува 29.000 денари, на која дополнително се исплаќаат наведените надоместоци и тоа: работата за време на неработни денови, празници, ноќната работа и прекувремена работа се плаќаат дополнително, а согласно Законот за работните односи и подзаконските акти, вклучувајќи и сите законски додатоци како што се минат труд, работа во недела и други предвидени надоместоци.
Начин на апликација:
Аплицирањето се врши со пополнување на електронскиот формулар подолу во огласот и прикачување на потребните документи:
- Писмо за мотивација - со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
- Кратка биографија;
- Копија од диплома за завршено образование.
Нецелосните апликации нема да бидат разгледани.
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со испраќање на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]