Магационер

  • Објавен пред една недела
  • Алма - М ДООЕЛ
  • Активен до 20.08.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Тим Лидер во Скопје

Алма - М објавува ОГЛАС за следната работна

 

Позиција:

МАГАЦИОНЕР-Пикер

Датум на објава:

9 Август 2019

Рок за пријавување до

20 Август 2019

Број на оглас:

О-М-М-190809-10

Сектор:

Логистика

Локација:

Скопје

Под супервизија на:

Раководител на Логистика

 

Работни задачи:

·         Прием на роба со внесување по локации,

·         Утовар на роба во возила за достава,

·         Подготовка на нарачки,

·         Проверка на рокови и декларации,

·         Обработка на документација (повратници, задолжувања, раздолжувања,..)

·         Одржување на хигиена во магацин,

·         Спроведување на пописи на неделно ниво,

·         Возење на нарачки по потреба,

·         други работи по налог на претпоставениот

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование,

·         Флексибилност за работа, одлична комуникација, фокусираност,

  • Професионално однесување и организираност,

·         Мотивирана и стабилна личност,

·         Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,

  • Способност за индивидуална и тимска работа,

·         Позитивен однос кон промени,

·         Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),

  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,

·         Пожелно е познавање на англиски јазик.

 

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство не е потребно

 

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:

vrabotuvanje@alma-m.mk со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

 

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 18.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

 

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

 

 

КЛИКНИ