Сервисер за клими, топлотни пумпи и VRV системи (со искуство)

За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко - консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа... повеќе за компанијата »

СЕРВИСЕР ЗА КЛИМИ,ТОПЛОТНИ ПУМПИ И VRV СИСТЕМИ (сo искуство)

Цел на работното место: Сервисирање и одржување на клима уреди, топлотни пумпи, VRV системи и друга HVAC опрема.

Квалификации:

  • Најмалку 3 години  работно искуство  како сервисер за клима уреди, топлотни пумпи, VRV и HVAC системите
  • Одлично познавање на  системите за климатизација, топлотни пумпи, VRV и HVAC
  • Способност за работа со фреонски инсталации и струјни електрични инсталации.
  • Способност да установи дефект и причина за истиот
  • Способност да толкува шеми и работни планови
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Диплома од средно стручно образование

Клучни лични карактеристики: Прецизности и точност во работењето, педантност, уредност, лична одговорност.

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата
  • Дополнителни бонуси според учинокот и постигнатите резултати
  • Приватно здравствено осигурување
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
  • Програми за професионален развој, посета на обуки и семинари
  • Работа со премиум брендови

Работната позиција е во Скопје.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail  адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]  (со назнака за работно место Сервисер)

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »