За компанијата: Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај....
повеќе за компанијата »БЕ-ДА Логистик Дооел е една од лидерските компании на Балканот, кога е во прашање транспортот на стоки. Основана е на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање на меѓународен транспорт и логистика на стоки во патниот, железничкиот, воздушниот и морскиот сообраќај.
Бе-Да Логистик Дооел Скопје, компанија за организирање и посредување транспорт и шпедиција распишува оглас за работна позиција:
ПРАВНИК
Потребни квалификации:
- Правен факултет
- Со работно искуство минимум 3 три години во областа на правото
- Работно познавање на компјутери и office пакет
- Познавање на англиски јазик
Личен профил:
- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Одговорност, професионалност, точност и експедитивност
- Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност
- Способност за тимска и самостојна работа
- Способност за работа под притисок
- Претпазливост, прецизност и внимателност во работата;
Опис на работното место:
- Извршување на правните работи поврзани со тековната работа
- Пријава и одјава на вработени и сите обврски кои произлегуваат од областа на човечки ресурси со вработените во компанијата
- Административно и архивско работење
- Реведирање на договори за соработка
- Водење на судски спорови и предмети
- Се грижи за усовршување на знаења и вештини за подобро извршување на работните задачи
- Други задачи поврзани со секојдневното функционирање на компанијата
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување во областа на правото и административното работење во нашата компанија и сакате да бидете дел од нашиот тим испратете ја вашата професионална биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за Апликација за правник.
Слични огласи »