Адинг лого

Сервисер/електроничар

  • Објавен на 3.2019
  • Адинг
  • Активен до 11.04.2019
  • Позиција: Занаетчија
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +38922034840

(преземи го огласот како PDF)

Сервисер/електроничар

RFix (ЕРФИКС) е фирма лабораторија за професионален сервис на ИТ опрема, конзоли за играње, таблети и електроника, BGA сервис, PCB (печатени електронски плочи) сервис, постгарантен сервис, микро лемење, репарирање на електронски компоненти како и продажба на резервни делови за сервис на истите.

Во потрага сме по сервисер/електроничар за сервис на ИТ опрема, конзоли за играње, таблети и електроника кој го говори јазикот на електронските шеми, кој има пасија кон расклопување на најновата ИТ технологија, нејзино тестирање како и користење на напредни технологии, софтвери и алати за враќање во функција на истата.

 

Главни задачи и одговорности:

  • Сервис,поправка и одржување на преносни компјутери, десктоп и таблет компјутери (сервис на хардверските делови на ниво на електроника)
  • Инсталација на оперативни системи (Windows,Linux,IOS,Android)
  • Инсталација на услужни програми,антивируси и нивно сетирање
  • Инсталација,сетирање и сервисирање на мрежна опрема
  • По потреба работа на терен
  • Работа со лемна станица и инфраред лемна станицa
  • Административни активности
  • Водење и опслужување на клиентите и координирање на нивните активности

 

Потребни квалификации:

  • Минимум ССС – средно образование
  • Познавање на англиски јазик
  • Работа со компјутер и интернет (MS Office, Google ....)
  • Возачка Б категорија
  • Искуство во работење со мерна опрема, лемна станица и инфраред лемна станица
  • Познавање на современите ИТ услуги, продукти и технологии
  • Поседување на организираност и одговорност кон работните задачи
  • Способност за професионална комуникација со клиенти и лојалност кон работодавецот

 

Работно искуство е задолжително. Потребно е кандидатот да биде посветен со желба за учење на нови технологии.

 

Ние ви нудиме:

  • Работа во професионална,динамична и развојна средина
  • Вработување на определен период со можност на неопределно време
  • Можност за развивање и континуирано персонално усовршување

 

Доколку оваа позиција претставува интерес за Вас и сметате дека одговарате на наведените барања испратете го своето CV и актуелна фотографија на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »