Оглас за проектен асистент

Фондација Претприемачки сервис за млади распишува конкурс за вработување на проектен асистент на определено време.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено високо образование
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
  • Минимум 3 години работно искуство во сферата на невладиниот сектор
  • Солидно познавање на аспекти при имплементирањето на проектен циклус
  • Искуство во планирање и реализација на настани, обуки и конференции
  • Познавање на одржување на веб страни и социјални медиуми
  • Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери
  • Одлични комуникациски вештини и работа со рокови

Претходно работно искуство со проекти од ИПА програмата или други европски програми, развој на претприемништвото или граѓанскиот сектор ќе се смета за предност.  

Главни задачи и одговорности

  • Комуникација со различни чинители потребни за реализација на проектните активности
  • Реализација на задачите и активностите за потребите на проектите
  • Одржување контакти со медиуми
  • Креирање, ажурирање и соодветно архивирање на целокупната проектна проектна документација, електронски и во печатена форма
  • Организација на обуки, средби и настани, и активно вклучување во истите
  • Одржување на веб страните и социјалните медиуми
  • Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим

Вашата професионална биографија испратете ја на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „За оглас за проектен асистент“ најдоцна до 05.09.2018.

Напомена:

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »