Диспечер

За компанијата: Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко! повеќе за компанијата »

KFC Македонија вработува
Диспечери
KFC е лидер во послужувањето пилешко. Како еден од најголемите ланци на храна во светот, брендот денес е застапен во 135 земји со 21,000 ресторани во светот. KFC во Македонија започна со работа во 2018 година и денес брои 4 ресторани. Компанијата нуди одлични услови за работа, со забавно и мотивирачко опкружување и можност за личен развој и кариерно напредување.
Тимот на KFC Македонија се шири и сме во потрага по диспечери. Лицата треба да бидат подготвени да работат како дел од тимот за испорака, следејќи ги стандардите и процесите на компанијата за правилна и точна достава. Диспиџерите треба да бидат љубезни, одговорни, организирани и подготвени да понудат одлично искуство на нашите клиенти.
МЕСТО: Скопје
ОДГОВОРНОСТИ:

  • Примање на нарачките од клиентите ефикасно и професионално
  • Контрола на нарачките и нивно следење
  • Обезбедување на одлична услуга на клиентите, справување со поплаките
  • Координација со доставувачите и нивна органзација

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно образование
  • Познавање на англиски јазик
  • Високо ниво на организираност
  • Способност за работа под притисок и кратки временски рокови
  • Способност за управување со време
  • Добри комуникациски вештини и одговорен пристап кон работата
  • Културен, љубезен комуникатор
  • Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета за предност

Заинтересираните кандидати е потребно да испратат CV на [најави се за да го видиш е-маилот] , со натпис “Диспечери” најдоцна до 15.12.2021 година или да се јават на 070 266 491. Ви посакуваме многу среќа!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »