Специјалисти за продажба

Плата од 24.000 ден. до 30.000 ден.

За компанијата: Генерали Инвестментс е основана во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните... повеќе за компанијата »

Поради зголемен обем на работа, Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје, има потреба од понатамошен развој и кандидати за следната работна позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТИ ЗА ПРОДАЖБА

Услови:

  • Високо образование – Економски факултет,
  • 3 години работно искуство
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
  • Комуникациски и презентациски вештини
  • Разбирање на деловни процеси

Работни задачи:

  • Водење, унапредување и промоција на продажбата;
  • Остварување на деловни состаноци и презентации;
  • Подготовка на понуди за клиентите;
  • Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
  • Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
  • Истражување и анализа на можности за продажба;
  • Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети;
  • Маркетинг и промоција на производи преку директна комуникација со клиенти и преку присуство на настани;
  • Подготовка на извештаи.

Способности и вештини:

Способност за стратешко размислување, комуникативност, напредни аналитички способности, одлична способност за управување со проекти, способност за работа во динамична средина. Како предност се смета познавање од финансии и услуги за финансиски институции.

Нудиме:

  • Динамична работа;
  • Воведување во работата со обука 
  • Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
  • Развој на кариерата низ соодветен тренинг.
  • Професионализам
  • Нето плата од 24.000 до 30.000 денари во зависност од работното искуство
  • Бонуси од остварен учинок
  • Бидете дел од една од најголемите финансиски групации – Генерали
  • Работното време за оваа позиција е пон-пет 08:00-16:00.

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за понатамошно продолжување на договорот.

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 01.02.2022 година.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју. Изборот на кандидатот ќе биде извршен во рок од 15 дена по завршување на огласот.

За сите  прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност кое може да го најдете на следниов линк: Известување за приватност , или контактирајте го Офицерот за заштита на личните податоци на следнава е – адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »