МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА ВО ХОРЕКА

  • Објавен на 9.2017
  • ЕНЕА ДОО
  • Активен до 29.09.2017
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје

ЕНЕА Д.О.О - една од најбрзорастечките компании за продажба и дистрибуција во FMCG индустријата постојано работи на градење на квалитетен и успешен тим на професионалци. Работејќи со висококвалитетни и конкурентни производи за широка потрошувачка,  ЕНЕА Д.О.О создава успешна приказна и континуирано им овозможува избор и квалитет на купувачите.

Заради проширување на својот тим на професионалци, ЕНЕА Д.О.О има потреба од вработување на искусен, амбициозен и посветен на работата кандидат/ка за следнава позиција:

 

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА ВО ХОРЕКА  

За Скопје и околина.

Обврски и одговорности:

  • Продажба во хотели,ресторани и кафетерии (HoReCa)
  • Изработка на планови за продажба и посети.
  • Раководење со сметководствените картици од продажната  мрежа. Следење на наплата на побарувања.
  • Координација со менаџери од продажната  мрежа за организирање на акции, промоции  и дисконти.
  • Ширење на мрежа.
  • Флексибилност за работа на терен и чести патувања. 
  • Упорност и истрајност со комитентите
  • Ориентиран кон позитивни резултати

 

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование, високо образование ќе се смета за предност
  • Задолжително претходно работно искуство во продажба на производи за ХОРЕКА најмалку 2 години
  • Возачка дозвола  Б - категорија

 

Личен профил

  • Одлични комуникациски, презентациски и убедителни вештини
  • Способност за преговарање
  • Лојалност, иницијативност
  • Способност за тимска работа 
  • Претставителнос и позитивен став
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Флексибилност за работа на терен

ЕНЕА Д.О.О нуди пријатна работна атмосфера, можности за напредок, надградување на искуствата со можност за бонуси и награди. Плата од 20.000,00 денари, плус дополнително провизии во зависност од постигнувањата.

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Апликација за менаџер за продажба”.

 

Краен рок за пријавување е 30/09/2017.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »