Продажен асистент

За компанијата: Max Optika е еден од најголемите оптички синџири во регионот со над 15 годишно искуство, сертифицирана продавница на најпознатите меѓународни брендови како Gucci, Maybach, Tom Ford, Versace, Dolce & Gabbana,... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

Поради проширување на работата, Максоптика е во потрага на Претставници за продажба-3 позиции. Бараме ентузијасти, одговорни личности, кои ја сакаат својата работа, работната позиција се однесува на полно работно време.

Опис

Лицето ќе биде одговорно за сите продажни активности, од моментот на првиот контакт со клиентот до крајот на продажниот процес и неговата услуга по продажбата. Да придонесува за  зголемување на базата на клиенти на компанијата, да соработува со целиот продажниот персонал и другите оддели, со цел поквалитетна услуга на клиентите.

Одговорности

- Услужување и консултација со клиентите

– Поседување на технички продажни вештини, како и способност за учење на производите на компанијата со цел обезбедување на квалитетна услуга

- Комуникација со Менаџерот на продавницата за спороведување на месечниот план и цели, определени од Менаџерот на продавницата

- Активно да учествува во имплементација на маркетинг планот на компанијата во продавницата

- Евиденција на точни податоци во врска со различни барања / нарачки што можат да ги достават клиентите на компанијата.

- Ги разбира и имплементира сите компаниски политики, процедури и кодекс на етика

 

Нудиме

- Конкуретна плата+бонуси 

- Модерни услови за работа

- Пријатна работна атмосфера

- Компанијата нуди можност за напредок, усовршување и обуки

Квалификации

- со и без работно искуство (искуство во оптика ќе се смета за предност)

- Добри комуникациски вештини

- Познавање на работа со компјутери (MS Office)

- Познавање на англиски и албански ќе се смета за предност

 

Сите заинтересирани можат да аплицираат на [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои одговараат на позицијата ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »