Покерфејс ДООЕЛ лого

Административен работник

Плата од 40.000 ден. до 50.000 ден.

Компанијата е лиценциран приредувач на игри на среќа во автомат клубови, со постоечки 5 автомат клубови и план за проширување на мрежата во блиска иднина. Поради зголемен обем на работа и развој на компанијата, имаме потреба од ново лице за работа во канцеларија.

Работата се одвива во пријатна и професионална работна атмосфера, во канцеларии лоцирани во Капиштец, Скопје.

Позиција:
Административен / економски асистент

Работно време:
Понеделник – петок, од 09:00 до 17:00 часот

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно економско образование;
  • Предност ќе имаат кандидати со високо образование од областа на економија, финансии, сметководство или бизнис администрација;
  • Одлично познавање и работа со Microsoft Excel и Microsoft Word;
  • Познавање на основни економски, финансиски, сметководствени и административни поими;
  • Организираност, одговорност и прецизност во работењето;
  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Претходно работно искуство во администрација, финансии, сметководство или канцелариско работење ќе се смета за предност.

Работни задачи:

  • Подготовка, внесување и обработка на податоци во Excel;
  • Изработка и уредување на документи во Word;
  • Водење административна и економска евиденција;
  • Подготовка на извештаи, табели и деловна документација;
  • Комуникација со клиенти, соработници и институции по потреба;
  • Поддршка во секојдневното канцелариско работење;
  • Извршување други административни и економски задачи согласно потребите на компанијата.

Нудиме:

  • Почетна месечна плата од 40.000 денари;
  • Работа во стабилна компанија со можност за развој;
  • Пријатна и професионална работна атмосфера;
  • Редовно работно време од 09:00 до 17:00 часот;

Заинтересираните кандидати може да испратат кратка биографија / CV 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »