Комерцијалист за продажба

За компанијата: САМЕРИМПЕКС ИМПУЛСИ е основана 1992 година. Специјализирана е за обезбедување интегрирани решенија за човековиот капитал во фирмите, како и за поддршка на нивниот организациски развој. Наша примарна... повеќе за компанијата »

Самеримпекс Импулси (www.impulsi.com.mk) објавува интерес за следната работна позиција:

 

НАЗИВ НА РАБОТНОТО МЕСТО: Комерцијалисти за продажба 

 

ГЛАВНА ЦЕЛ НА РАБОТНОТО МЕСТО

Зголемување на продажбата и профитот преку посети на клиенти на определената територија во Република Македонија или во странство, по однапред предложен и одобрен план, преку продажба на производите користејќи софтверска алатка, преку промоција и контрола на цени согласно маркетинг стратегијата и планот и преку изготвување неделни и месечни извештаи за работењето. 

 

Критериуми

 

-           Минимум гиманзиско образование. Диплома од завршено високо образование е предност.

-           Поседување на возачка дозвола Б категорија.

-           Познавање англиски јазик е предност.

-           Познавање MS Office, со одлично познавање на excel и power point

-           Обуки за работа со клучни клиенти и/или ланци на маркети е предност.

 

Ќе бидат земени во предвид и кандидати без искуство. Се поттикнуваат кандидати од сите националности да поднесат пријава.

 

Вештини:

-           Силни аналитички и нумерички вештини да подготвува буџети и да ги разбере бројките од продажбата

-           Способност за работа под притисок во динамична средина и брзо да идентификува проблеми и да препорача решенија

-           Солидни вештини за носење одлуки и способноста за планирање и давање приоритети

-           Одлични комуникациски, Организациски и преговарачки вештини

-           Способност да работи како дел од тимот и да гради и одржува ефективни работни односи со голем број на луѓе

-           Силна способност за комерцијални проценки и способност да разбере што ќе им се допадне на (ќе ги привлече) потрошувачите

-           Способност за наметнување на пазарните трендови кај клиентите

-           Креативен талент

-           Самодоверба

 

Одговорен за:

 

  1. Продажба во согласност со оперативниот план на компанискиот сектор за комерција
  2. Промоција и презентација на новите производи и асортимани
  3. Грижа за клиенти
  4. Доследно следење на прописите за безбедност и заштита при работа

 

 

Сите заинтересирани да се пријават со поднесување CV и мотивациско писмо на следната електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Комерцијалист за Продажба, најдоцна до 20 јануари 2019 год.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »