Електричар во преработка

За компанијата: МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани... повеќе за компанијата »

Мермерен Комбинат АД Прилеп има потреба од Електричар во преработка  - 1 извршител на опеделено време

ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:

  • ССС / степен на стручна подготовка – Електро техничар енергетичар
  • Предност ќе имаат кандидатите кои имаат искуство во одржување
  • Возачка дозвола Б категорија

ГЛАВНА  ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА

Одржување и сервисирање на електрична инсталација и електрични постројки во ОЕ Преработка.

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Работи на електро-одржување во преработката на мермерната минерална маса во Мермерен Комбинат АД Прилеп.
  • Врши одржување на електроинсталацијата во организационите единици.
  • Изработува нови електрични инсталации, далеководи и други електрични работи за што се опремени.
  • Врши попоправки на електричните постројки што се од неговиот деловник на работа.
  • Обавува ремонти на стара и изработка на нова електроопрема.
  • Извршува планско превентивни прегледи и поправки на електроопремата.
  • Способност за читање и разбирање на техничка документација.
  • Склопување на електрични ормари (табли), искуство во одржување на автоматика (PLC, сензори, релеја, склопки).
  • Познавање и  искуство со хидраулични системи, пневматика, трафостаници и електрични инсталации.
  • Познавање и работа на електрични дигалки и кранови.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Тимски ориентирана личност,
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето.​

ШТО НУДИМЕ:

  • Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
  • Конкурентен пакет за наградување
  • Приватно здравствено осигурување
  • Обезбеден превоз до работно место и топол оброк
  • Спроведување на сите законски обврски предвидени во Законот за работните односи, како и други поволности
  • Работно време во смени: 07:00 – 15:00   15:00 -23:00

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака “апликација за работно место “ЕЛЕКТРИЧАР ВО ПРЕРАБОТКА”.

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место ЕЛЕКТРИЧАР ВО ПРЕРАБОТКА ќе бидат избришани од нашата евиденција во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »