ИТ Техничар

За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки... повеќе за компанијата »

Финансиско друштво Флекс Кредит  е водечка компанија во делот на брзи кредити во Романија, Бугарија, Северна Македонија, а наскоро во  Босна и Хрцеговина и Албанија. Нашата компанија спроведува политика на иновации и верува дека личниот развој е најважен. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавец .

Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби процеси и активности на Флекс Кредит на територијата на Северна Македонија, објавуваме оглас за пополнување на следната работна позиција 

 

ИТ Техничар.

 

Основни квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува:

  • Завршено Високо образование од областа на информатика и компјутерските науки
  • Работно искуство на иста позиција од најмалку 3 години
  • Задолжително познавање на Linux
  • Основни познавања на мрежи (VPN, MICROTIK, Конфигурација на рутер)
  • Задолжително познавање на инсталирање принтер во мрежа (scan to folder)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Поседува возачка дозвола Б категорија

 

Работни задачи:

  • Врши набавка на компјутерска опрема
  • Конфигурирање на рутер
  • Работа со компјутерски мрежи и нивно каблирање
  • Работа и монтирање на компјутерска опрема
  • Инсталација на оперативни системи ( Linux/Windows) и програми
  • Сервисирање на компјутерска опрема
  • Техничка поддршка на филијали  на Флекс Кредит на територија на цела Р.Северна Македонија

Услови од компанијата:

  • Можност за професионален развој и напредување
  • Можност за дополнителна обука и тренинг
  • Работа во динамична средина во брзорастечка компанија

Аплицирањето може да го направите на самиот оглас со притискање на копчето АПЛИЦИРАЈ или на маил [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака ИТ техничар.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »