За компанијата: NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето...
повеќе за компанијата »Компанијата за развој и производство на додатоци на исхраната, производи за спорт и фитнес и козметика за потребите на работењето на сопствен ланец од 24 продажни центри има потреба од: МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА И УПРАВУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ЦЕНТРИ
Менаџерот треба да управува со работењето на 24 продажни центри низ целата држава со следните обврски:
- Унапредување на продажбата во продажните центри на компанијата
- Поставување и остварување на продажни таргети за продажните центри
- Поставување и реализација на промотивни акции и други промотивни активности
- Менаџирање, развој и едукација на продажниот персонал
- Анализа на пазарот и конкуренцијата и предлагање на решенија за подобра пазарна поставеност и развој на постоечките и отварање на нови центри
Потребни квалификации и вештини;
- Завршено минимум ССС, кандидатите со факултет имаат предност
- Задолжително предходно искуство во менаџирање на продавници или продажби
- Искуство во работа на терен и менаџирање на продажни центри низ целата држава
- Поседување возачка дозвола Б-категорија (активен возач)
- Одлични организациски, комуникациски и менаџерски способности
- Иницијативност, темелност и целосна посветеност на работата;
- Предходно искуство со работа со лекови, додатоци на исхраната, медицински помагала и функционални производи ќе се смета како предност
- Образование, знаење или предхосно искуство во фармација и медицина исто така ќе се смета за предност
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените услови можат да испратат CV на [најави се за да го видиш е-маилот]