Референт за продажба

Компанијата Ревитал Козметикс Дооел Скопје, застапник на реномираниот бренд ТианДе - Руска Компанија за убавина и здравје со осум годишно постоење на пазарот во Македонија,  

објавува оглас за работно место Референт за продажба 

 

Лични карактеристики на кандидатот: 

- Одлични комуникациски вештини 

- Аналитички и организациски способности 

- Креативност, самоиницијативност, способност за тимска работа 

- Одговорност и посветеност кон работењето во компанијата 

- Навремено исполнување на работните задачи 

- Лојалност, темелност и енергичност 

 

Потребни квалификации:
- Минимум средно образование  

- Одлично познавање на Microsoft Office 

- Претходно работно искуство ќе се смета за предност 

 Извршување на работните задачи и обврски во пријатна работна атмосфера претставува вистинско задоволство за секој поединец, па затоа ќе ни биде мило доколку и вие ни се придружите да продолжиме да ја исполнуваме нашата цел и мисија. Бидете и вие дел од нашиот тим! 

Заинтересираните лица можат да достават кратка биографија на следната маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] тел. 078/600-003. Повеќе информации за нашата комапнија може да најдете на www.tiande.mk 

 

Сите заинтересирани лица не смеат да бидат дистрибутери на ТианДе како и нивните членови од потесно семејство. 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »