Графички дизајнер

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, поради отворање на позиција во тимот за маркетинг и управување со производи, распишува оглас за вработување на:

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • Соодветно образование
  • Познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe Premiere, Adobe After Effects
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Солидно познавање на MS office пакет
  • Како предност ќе се земе искуство со изработка на landing страни

Одговорности и работни задачи:

  • Дизајн и графичко уредување на рекламните материјали, летоци и останати маркетинг и промотивни материјали
  • Дизајн и продукција на ТВ реклама за потребите на Друштвото
  • Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на Друштвото
  • Создавање креативен визуелен приказ на дизајнот (story board)
  • Обезбедување фотографии со висока резолуција, информации и материјали и нивно прилагодување за дизајн 
  • Подготовка и проследување на податоци до соодветната печатница и проверка на квалитетот на печатењето
  • Комуникација со локалните добавувачи околу техничкиот дел од процесите
  • Развивање креативни решенија за брендирање на продавниците во Друштвото

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работно време: 08:00-16:00

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака:  “Оглас за Графички дизајнер”

Огласот е активен до 31.01.2019 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »