Техничар - сервисер- електроничар

Плата од 30.000 ден. до 35.000 ден.

ХТЛ Македонија ДООЕЛ со седиште на ул. 50-та Дивизија 24-а во Скопје, е современа, иновативна и општествено одговорна компанија, една од придружните компании во состав на огромната интернационална групација Новоматик АД од Австрија, лидер на европскиот пазар за игри на среќа со свои подружници во 50 земји во светот. ХТЛ Македонија во 2019 година стана  добитник на престижното ,,Признание за почитување и унапредување на човековите права во бизнисот" .

Ако сте вредна и амбициозна личност, станете дел од нашиот тим на способни и ентузијастични луѓе. Потребно е да имате минимум средно образование и тоа електро или машинско училиште, искуство и знаење од електроника, да имате основно ниво на познавање на англиски јазик и возачка дозвола Б-категорија.

Нудиме почетна основна плата во висина од 30.000 денари, мотивациски бонуси, работа во пријатно опкружување, обуки, и развој преку динамична работа со можност за напредување што зависи само од Вашиот труд, залагање и ажурност. Работниот однос е на определено време во траење од 3 месеци, со тенденција да биде продолжуван на неодредено време,  8 часа работно време, само во прва смена од 07-15 часот, од понеделник до петок.

Работни задачи на Техничар - сервисер - електроничар:

  • Поправка на монитори на автомати за игри на среќа
  • Подредување, селектирање и евидентирање на сите автомати во магацинот;
  • Припрема на автоматите (хардверско и софтверско сетирање на апарати според потребите на коминтентите, каблирање, вградување на дополнителни делови, иницијализација, тестирање) и помош при утовар на истите во возило за нивни превоз кај клиентите;
  • Транспорт на автоматите за игри на среќа до клиентите;
  • Поставување на автоматите по автомат клубови;
  • Одржување и поправка на автоматите за игра на среќа (отклонување на дефекти и редовен сервис);
  • Внатрешна хигиена на автомати на игри на среќа;

Рок за избор по поминување на рокот за аплицирање е 15 работни дена, во кој рок, ако ја поминете примарната селекција, ќе бидете повикани на интервју.

Лице за контакт: Билјана Чкламовска 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »