Возачи за достава

За компанијата: Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко! повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

 

KFC Македонија вработува

Возачи за достава

 

                                                                                                                                                                                                                                KFC е лидер во послужувањето пилешко. Како еден од најголемите ланци на храна во светот, брендот денес е застапен во 135 земји со 21,000 ресторани во светот. KFC во Македонија започна со работа во 2018 година и денес брои 4 ресторани. Компанијата нуди одлични услови за работа, со забавно и мотивирачко опкружување и можност за личен развој и кариерно напредување.

Тимот на KFC Македонија се шири и сме во потрага по возачи за достава кои ќе ја доставуваат храната до клиентите на KFC безбедно и навремено. Лицата треба да бидат подготвени да работат како дел од тимот за испорака, следејќи ги стандардите и процесите на компанијата за правилна и сигурна достава. Возачите за испорака треба да бидат љубезни, одговорни и подготвени да понудат одлично искуство на нашите клиенти.

 

МЕСТО: Скопје и Тетово

 

ОДГОВОРНОСТИ:

 

  • Испорака на нарачките до клиентите ефикасно и професионално
  • Контрола на нарачките и наплата при доставување.
  • Обезбедување на одлична услуга на клиентите, справување со поплаките.
  • Придржување кон поставените рути и распореди.
  • Почитување кон сите правила за транспорт.
  • Почитување кон правилата за безбедност на храната и стандардите на KFC

 

КВАЛИФИКАЦИИ:                                                                                                                                         

 

  • Завршено средно образование.
  • Возачка за Б-категорија.
  • Подготвеност за придржување кон пропишаните рути, возниот ред, безбедносните правила и закони во сообраќајот.
  • Добри вештини за пресметки и управување со пари.
  • Способност за работа под притисок и кратки временски рокови.
  • Способност за управување со време
  •  
  • Добри комуникациски вештини и одговорен пристап кон работата
  • Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета за предност

 

Заинтересираните кандидати е потребно да испратат CV и изјава за евентуални претходни прекршоци на jobs@kfc-mk.com, со натпис “Возачи KFC” до 05.02.2021. Ве молиме во апликацијата да посочите место, Скопје или Тетово.

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »